Корисничко име Лозинка Пријави се
17.9.2012

Цампарини го протера 50-тиот тренер во својата кариера

Само три кола на новата сезона во италијанската Серија А беа доволни Џузепе Санино да ја изгуби својата работа на тренерската клупа на Палермо.

Во саботата Палермо одигра со Калјари 1-1, што му беше прв освоен бод оваа сезона. На натпреварот играчите на Палермо изгубија три бодови во самата завршница бидејќи Калјари изедначи со погодок во 88-та минута.
Маурицио Цампарини, контроверзниот сопственик на Палермо, го смени педесеттиот тренер за време на неговото владеење во овој клуб.
Џанпјеро Гасперини, новиот тренер на Палермо, во Серија А се враќа по отказот во Интер кој го доби на почетокот на минатата сезона.

Најнови вести