Корисничко име Лозинка Пријави се
28.6.2012

Козми на клупата на Сиена

Италијанскиот тренер Серсе Козми ја презеде Сиена, со која потпиша двегодишен договор.

„Ова е многу среќен ден за мене, конечно ќе водам некоја екипа од почетокот на сезоната“, рече Козми.
Козми во Сиена ќе го замени Џузепе Санино, кој го напушти клубот и премина во Палермо.
Овој 54-годишен тренер минатиот декември го презеде Лече, но не успеа на тој клуб да му обезбеди опстанок во Серија А.
Козми во својата кариерата ги тренираше уште и Перуџа, Џенова, Удинезе, Бреша, Ливорно и Палермо.

Најнови вести