Корисничко име Лозинка Пријави се
07.6.2011

Санино нов тренер на Сиена

Од Сиена, новиот италијански прволигаш, потврдија дека го ангажирале Џузепе Санино како нов тренер на нивната екипа.

Педесет и тригодишниот стратег на клупата ќе го наследи Антонио Конте, кој по внесувањето екипата од Тоскана во Серија А, Сиена ја замени со Јувентус.

Со Санино е потпишан двегодишен договор, а тој во овој клуб доаѓа по три минати сезони во нисколигашот Варезе.

За овој стратег ова ќе биде негов прв прволигашки ангажман во тренерската кариера.

Најнови вести