Корисничко име Лозинка Пријави се
07.6.2012

Палермо ангажираше нов тренер и напаѓач

Палермо, тимот од италијанската Серија А, на својата интернет-страница соопшти дека ги ангажира тренерот Џузепе Санино и напаѓачот Франко Брјенца, двајцата од редовите на Сиена.

Тандемот потпиша двегодишен договор со клубот кој минатата сезона беше 16-ти на табелата на Серија А.
Брјенца веќе го носеше дресот на Палермо, прво како играч на заем од Рома, од 2000 до 2002 година, а потоа клубот од Сицилија го откупи неговиот договор и остана до 2008, кога се пресели во Реџина.
Санино во текот на тренерската кариера главно водеше италијански нисколигаши, а единствен прволигаш што го тренираше е Сиена, со која минатата сезона заврши на 14-тото место на Серија А.

Најнови вести