Корисничко име Лозинка Пријави се
29.9.2015

Карпи го отпушти тренерот Фабрицио Кастори

Кастори го напушти новиот член на Серија А по лошиот старт и освоените два бода во првите шест кола.

Италијанскиот фудбалски прволигаш Карпи го отпушти тренерот Фабрицио Кастори по убедливиот пораз од Рома (5-1), соопштено е на интернет-страницата на клубот.
Кастори го напушти новиот член на Серија А по лошиот старт и освоените два бода во првите шест кола.
Тој минатата сезона ја водеше екипата до историскиот пласман во најсилната лига на Италија, и тоа од првото место во Серија Б.
Кастори стана прв тренер кој е сменет оваа сезона на Апенинскиот Полуостров, а како можен наследник се споменува Џузепе Санино.

Најнови вести