Корисничко име Лозинка Пријави се
21.4.2011

Ван Хал тренер на Спартак?

Холандскиот стратег Луис ван Хал е еден од главните кандидати да седне на клупата на Спартак од Москва.

Екипата од главниот град на Русија пред неколку дена, поради слабиот старт во првенството, остана без тренерот Валериј Карпин, кој се пресели на функцијата спортски директор на Спартак.

Челниците на клубот од Москва веќе го контактираа Ван Хал, кој неодамна беше сменет од функцијата тренер на Баерн Минхен. Според руските медиуми, понудата била многу богата, а Холанѓанецот во Спартак би останал повеќе од една година.

Како потенцијални кандидати да седнат на жешката клупа се споменуваат сонародниците на Ван Хал, Франк Рајкард и Марко ван Бастен, но нивниот менаџер ги демантираше овие шпекулации.

Најнови вести