Корисничко име Лозинка Пријави се
03.10.2011

Нападнат автобусот на навивачите на Зенит во Москва

Навивачите на Спартак Москва го каменуваа автобусот во којшто се наоѓаа навивачите на Зенит од Санкт Петербург и ги нападнале со палки, пренесуваат руските медиуми.

Нападот се случил неколку моменти пред почетокот на натпреварот меѓу овие два тима, чии навивачи се познати по големото ривалство.

Засега нема информации околу повредени, а полицијата соопшти дека повеќето од нив се приведени и е поднесена кривична постапка.

„Група хулигани со камења фрлаа по автобусот, а потоа со палки ги нападнаа навивачите“ изјави портпаролот на московската полиција Евгениј Гилдиев.

Најнови вести