Корисничко име Лозинка Пријави се
23.9.2011

Пато ќе паузира еден месец

Дополнителните лекарски прегледи покажаа дека Бразилецот во редовите на Милан, Алешандре Пато ќе биде надвор од терените четири седмици поради повреда на бутниот мускул.

Напаѓачот на италијанскиот шампион мораше да го напушти теренот уште во 21-та минута од натпреварот против Удинезе, во третото коло од Серија А, кој се играше во средата. Отпрвин се мислеше дека е повреда на задниот дел на бутниот мускул, но дополнителните прегледи утврдија дека се работи за повреда на бутниот мускул, поради што ќе паузира еден месец.
Бразилецот, најверојатно, ќе ги пропушти двата натпревари од Лигата на шампионите, против Викторија П’лзењ и БАТЕ Борисов, и минимално три меча од домашниот шампионат.

Најнови вести