Корисничко име Лозинка Пријави се
09.6.2015

Билиќ нов тренер на Вест хем

Хрватскиот стручњак Славен Билиќ официјално е именуван за нов менаџер на Вест хем.

Хрватскиот стручњак Славен Билиќ официјално е
Билиќ на „Аптон парк“ ќе го наследи Сем Алардајс, кој во изминатите четири сезони ги предводеше „чеканите“, а последната ја заврши на 12-тото место во Премиер лигата.
Хрватот своевремено играше за Вест хем, а во Лондон доаѓа по двете солидни сезони на клупата на турскиот Бешикташ. Потпиша тригодишен договор.
„Овде беше одлично да се игра, се чувствувам како дома. Голема привилегија и одговорност е да се стане менаџер, се надевам дека ќе ѝ се докажам на управата. Претседателот Карен Брејди јасно ми покажаа дека не е само одличниот Олимписки стадион местото на кое одиме, туку дека амбициите на клубот се многу поголеми“, изјави Билиќ.
Тој во мај го најави своето заминување од турскиот клуб, бидејќи втора сезона по ред не успеа да ја освои шампионската титула, а оваа го пропушти и местото во квалификациите за Лигата на шампионите.
Хрватскиот стручњак во сезоната 1996/97 настапуваше за Вест хем и тогаш одигра 55 натпревари за „чеканите“ постигнувајќи два гола.
Билиќ тренерската кариера ја почна во Хајдук од Сплит во 2001 година, а потоа ги предводеше и младата и репрезентацијата А на Хрватска, па Локомотив од Москва.
Англичаните посебно го паметат како селектор на „коцкастите“ бидејќи два пати ги совлада во квалификациите за Евро 2008.

Најнови вести