Корисничко име Лозинка Пријави се
05.6.2015

Инзаги доби отказ, се чека Михајловиќ

Фудбалскиот клуб Милан соопшти дека го отпушти тренерот Филипо Инзаги по неуспешната сезона во која „росонерите“ го освоија дури десеттото место во Серија А.

Фудбалскиот клуб Милан соопшти дека го отпушти тренерот Филипо Инзаги по неуспешната сезона во која „росонерите“ го освоија дури десеттото место во Серија А.
„Со големо жалење го известивме Инзаги за отказот“, се наведува во соопштението на Милан.
Легендарниот голгетер на Милан ужива голема почит како долгогодишен играч, кој со клубот освои сè, но разделбата беше неминовна.
Пред управата да се сврти кон Михајловиќ, Карло Анчелоти, поранешниот тренер на Милан, кој неодамна доби отказ во Реал Мадрид, ја одби понудата да се врати на клупата на тимот кого го доведе до две шампионски титули на Европа – во 2003 и во 2007 година.

Најнови вести