Корисничко име Лозинка Пријави се
24.3.2015

Повредениот Лукаку ќе ги пропушти квалификациите

Ромелу Лукаку поради повредата на тетивата, ќе ги пропушти претстојните квалификациски натпревари на Белгијците со Кипар и со Израел, потврди селекторот Марк Вилмотс.

Лукаку се повреди во неделата, на натпреварот на Евертон против Квинс парк ренџерс.
Вилмотс изјави дека Лукаку дошол на собирот на репрезентацијата, но дека нема да може да игра ниту на еден од наредните два натпревари.
Белгија е четврта во групата Б, со пет поени од три натпревари, и против Кипар игра во Брисел, а потоа гостува во Ерусалим.

Најнови вести