Корисничко име Лозинка Пријави се
13.10.2014

Милан: Есиен нема ебола

Фудбалскиот клуб Милан изјави дека играчот на тој клуб Микаел Есиен не е заразен со вирусот ебола.

Неколку медиуми овој викенд објавија информација дека Есиен е заразен со вирусот ебола, па клубот со соопштение го демантираше тоа и изјави дека тие тврдења се целосно без основа.
Таа информација ја објави „Дејли тајмс Нигерија“, во која го цитираше претставникот за печатот на Милан, Рикардо Коли, но клубот наведе дека тој никогаш не го изјавил тоа.
„Ова е голем шок за сите нас во клубот, но ние сме оптимисти кога е во прашање Есиен. Тој е многу силна личност, а еболата е откриена во рана фаза. Есиен е во рацете на стручњаци и сè би требало да биде во ред“, ова се зборовите на Коли коишто се објавени од страна на африканскиот печат.
Есиен моментно е со репрезентацијата на Гана, која во саботата одигра 1-1 со Гвинеја во квалификациите за Африканскиот куп на нациите.

Најнови вести