Корисничко име Лозинка Пријави се
08.8.2014

Робињо се врати дома во Сантос

Робињо, фудбалерот на Милан, наредната сезона ќе ја помине на заем во Сантос, соопшти бразилскиот гигант.

Робињо во Сантос, клубот во којшто се афирмира и порасна, ќе остане до крајот на јуни наредната година.
„Сантос е мојата куќа. Тоа е место каде што се чувствувам многу добро. Се надевам дека ќе ги оправдам сите очекувања на навивачите на теренот“, изјави Робињо за клупската интернет-страница.
Бразилецот во 2010 година направи трансфер од Манчестер сити во Милан, но Филипо Инзаги, новиот тренер на „росонерите“, проценил дека 30-годишниот фудбалер не му е потребен за претстојната сезона. Пред доаѓањето во Италија, тој настапуваше за Реал од Мадрид, во кого стигна како нова сензација на светскиот фудбал.
Робињо минатата сезона за Милан одигра 32 натпревари и постигна пет голови.

Најнови вести