Корисничко име Лозинка Пријави се
28.7.2014

Инзаги: Јас сум виновен

Милан во двата тест-натпревари во САД прими осум голови, а по 5-1 од Манчестер сити, новиот тренер Филипо Инзаги ја презеде вината за лошата игра.

„Лут сум на себе бидејќи во смисла на играта моја е вината, заедно со мојот тим. Но ќе се вратиме на вистинскиот пат. Мора да примаме помалку голови, тука мора да се поправиме“, изјави Инзаги.
Милан во првото полувреме прими дури четири погодоци од Сити, а пред неколку денови убедливо со 3-0 изгуби од Олимпијакос. Последниот натпревар во САД го игра викендов против Ливерпул.
„Нè чека голема работа, мораме да се поправиме во сите делови од играта. Бевме добри во поседот на топката, но мораме да се фокусираме на моментите кога ја немаме неа. Разочаран сум бидејќи примивме два гола откако создадовме шанса. Без топката не сме доволно опасни и мораме подобро да реагираме кога ќе ја изгубиме. Работењето е единствената работа која ќе ни овозможи наскоро да станеме конкурентни“, изјави легендарниот Пипо.

Најнови вести