Корисничко име Лозинка Пријави се
14.6.2014

Пијоли нов тренер на Лацио

Лацио го назначи Стефано Пијоли за нов тренер на местото на Едоардо Реја, со кого договорно ја прекина соработката во пред неколку денови.

„Клубот ми понуди двегодишен договор, но јас потпишав едногодишен договор кој автоматски ќе биде продолжен доколку ги постигнеме целите за кои се договоривме со управата – да го вратиме Лацио таму каде што припаѓа“, изјави Пијоли на претставувањето пред новинарите.
Пијоли минатата сезона заврши на деветтото место со Болоња која ја водеше последните три години. 
Четириесет и осумгодишниот Пијоли во досегашната тренерска кариера меѓу другите ги водеше и Кијево, Модена, Парма, Палермо...

Најнови вести