Корисничко име Лозинка Пријави се
14.10.2017

Добри вести за Јувентус пред дуелот со Лацио

Двајцата фудбалери на Јувентус се враќаат на теренот пред важниот натпревар во Серија А.

Сами Хедира и Марио Манџукиќ ќе бидат во составот на „старата дама“ за денешниот натпревар против Лацио, пренесоа италијанските медиуми.
Хедира беше надвор од теренот уште од август поради повреда на коленото, но доби зелено светло и ќе биде во тимот за натпреварот од осмото коло на Серија А.
Што се однесува до Манџукиќ, во Јувентус се плашеа дека напаѓачот доживеал сериозна повреда во дресот на репрезентацијата на Хрватска, но 31-годишниот фудбалер ќе биде во конкуренција за тимот.
Јувентус по седум одиграни натпревари, се наоѓа на второто место на табелата на Серија А со 19 освоени бодови, два помалку од првопласираниот Наполи. Лацио е четврти со 16 освоени бода.
Натпреварот меѓу Јувентус и Лацио се игра вечерва, од 18 часот во Торино.

Најнови вести