Корисничко име Лозинка Пријави се
28.3.2014

Селтик ја освои титулата во Шкотска

Фудбалерите на Селтик на седум кола пред крајот на шампионатот на Шкотска ја обезбедија 45-тата националната шампионска титула во историјата на клубот.

Селтик во претходното 31-во коло на лигата го совлада Патрик Тисл со 5-1 и се стекна дури со 26 бодови предност во однос на второпласираниот Абердин.
На тој начин екипата од Глазгов ја намали разликата во трофеи во однос на најголемиот ривал, тимот на Ренџерс, само на девет, а бидејќи „сините“ следната сезона ќе се натпреваруваат во втората лига, треба да се очекува уште помала разлика.
„Зелено-белите“ со освојувањето на титулата обезбедија настап во квалификациите за Лигата на шампионите, а ќе бидат носители во своите квалификациски рунди.


Најнови вести