Корисничко име Лозинка Пријави се
30.1.2014

Мартинес: Лукаку не е тешко повреден

Роберто Мартинес, тренерот на фудбалерите на Евертон, рече дека повредата на глуждот на напаѓачот Ромелу Лукаку не е толку сериозна колку што се мислеше.

„Лукаку не ги скинал лигаментите, нема сериозна повреда. Тој ќе отсуствува неколку седмици, а не неколку месеци“, изјави Мартинес.
Лукаку на натпреварот со Ливерпул се судри со соиграчот Герет Бери во 24-тата минута, па од теренот беше изнесен на носилки, а англиските медиуми шпекулираа дека 20-годишниот напаѓач ќе го пропушти Светското првенство во Бразил налето.
Белгиецот на 19 натпревари во Премиер лигата во дресот на Евертон постигна девет голови, додека за националната селекција одигра 24 средби и постигна пет погодоци.
Ливерпул во градското дерби го совлада Евертон со 4-0.

Најнови вести