Корисничко име Лозинка Пријави се
06.1.2014

Лацио го отпушти Петковиќ и го врати Реја

Италијанскиот Лацио соопшти дека го отпушти тренерот Владимир Петковиќ и на негово место го постави Едоардо Реја.

Римскиот клуб одлуката ја образложи со тоа дека Петковиќ прифатил да ја преземе репрезентацијата на Швајцарија, што го сфатиле како недостиг на доверба.
Лацио на местото тренер го врати Едоардо Реја, кој тимот го водеше од 2010 до 2012 година, од кога е без ангажман. Реја е некогашен тренер на: Верона, Болоња, Наполи, Торино, Катанија, Џенова, Калјари и сплитскиот Хајдук.

Најнови вести