Корисничко име Лозинка Пријави се
29.7.2013

Милан три месеци без Бонера, ќе отсуствува и Робињо

Италијанскиот фудбалски клуб Милан остана без одбранбениот играч Даниеле Бонера на околу три месеци поради фрактура на чашката на десното колено.

По деталниот преглед на состојбата на коленото на Бонера, утврдено е дека мора да му биде извршена операција и дека закрепнувањето ќе трае меѓу 70 и 90 дена, но само доколку нема никакви компликации.
Освен без Бонера, Милан на неопределено време ќе остане и без бразилскиот напаѓач Робињо, кој го повреди бутниот мускул на левата нога. Од клубот известија дека за два дена ќе направат нови испитувања и дури тогаш ќе видат каква е вистинската состојба.

Најнови вести