Корисничко име Лозинка Пријави се
25.6.2013

Рација на италијанската финансиска полиција во 18 клубови на Серија А

Италијанскиот фудбал повторно се тресе! Во координирана акција во соработка со државните тужители од Неапол, финансиската полиција изведе рација во 41 италијански клуб, од кои 18 клубови од Серија А.

Гвардија ди Финанца, односно Финансиската полиција, која во Италија предизвикува стравопочит, денес влезе во канцелариите на 41 клуб и заплени документација која би можела да ги потврди обвинувањата на тужителите од Неапол, кои ја координираат акцијата, за кривични дела на завера, перење пари, затајување данок и лажни фактури. Под истрага се договори во триаголник меѓу играчите, агентите/менаџерите и клубовите.
Рацијата опфати 18 од 20-те италијански прволигаши. Наводно, Болоња и Калјари се единствените клубови кои не ги посетила полицијата. Исто така, под истрага се 11 клубови од Серија Б, како и 12 клубови од пониските лиги. Во истрагата ќе бидат вклучени најмалку 12 обвинители.

Најнови вести