Корисничко име Лозинка Пријави се
26.3.2013

Стефано Пиоли и следната сезона на клупата на Болоња

Италијанскиот фудбалски стручњак Стефано Пиоли ќе биде на клупата на италијанскиот прволигаш Болоња и по крајот на оваа сезона.

„Многу сум задоволен. Секогаш зборував дека сум среќен во Болоња, бидејќи тука се чувствувам како дома. Никогаш сè уште во животот не сум доживеал такви емоции како на клупата на Болоња. Управата на клубот и навивачите ме почитуваат, што ми е многу важно за продолжување со квалитетна работа. Ме интересира само успешно да ја завршиме оваа сезона и по кратката пауза да почнеме со подготовки за новата“, изјави Пиоли по продолжувањето на договорот до летото 2015 година.
Четириесет и седумгодишниот Пиоли клупата на „болоњезите“ ја презеде во 2011 година, наследувајќи го отпуштениот Пјерпаоло Бизоли.
Болоња во Серија А моментно го држи 11-тото место на првенствената табела, со десет бодови повеќе од зоната за испаѓање.

Најнови вести