Корисничко име Лозинка Пријави се
09.1.2014

Балардини нов тренер на Болоња

Педесетгодишниот Давиде Балардини и официјално е именуван за нов тренер на италијанскиот фудбалски прволигаш Болоња.

Договорена е соработка до крајот на сезоната, а Балардини на клупата го наследува Стефано Пиоли.
Балардини екипата ја презема во тежок момент, додека таа се наоѓа на 17-тото место на Серија А, само со една остварена победа во деветте последни натпревари во сите натпреварувања.
Балардини е поранешен тренер на Калјари, Палермо, Лацио и Џенова, а деби на клупата на Болоња ќе има во сабота, во лигашката средба против Лацио.

Најнови вести