Корисничко име Лозинка Пријави се
01.6.2015

Пиоли: Лацио ја заслужи Лигата на шампионите

Стефано Пиоли, тренерот на Лацио, изјави дека римјаните го заслужиле местото во Лигата на шампионите по триумфот над Наполи со 4-2.

Римјаните пред последното коло имаа три бодови повеќе од „наполитанците“ на третото место, а на Наполи триумфот на домашен терен му беше неопходен за пласман во квалификациите од Лигата на шампионите.
Лацио на полувремето имаше сè во свои раце, водеше со 2-0 со головите на Пароло и Кандрева, но во продолжението Наполи беше блиску до шокантен пресврт, меѓутоа, по изедначувањето на Игуаин, Онази и Клозе му го донесоа триумфот на Лацио.
„Секогаш кажував дека мојот тим е посебен, дека тоа е екипа која има високи морални вредности. Оваа вечер направивме сè за да си ја отежнеме работата, но заслуживме да бидеме на ова место. Единствено жалиме за финалето на Купот на Италија со Јувентус. Овој тим можеби не можеше да изнесе два големи натпревари во четири дена. Но, ние сме на почеток. Сега ги положивме основите за нешто многу важно во иднина“, изјави Пиоли.
Неверојатниот натпревар сите љубители на фудбалот ги донесе на работ на своите седишта, посебно кога Игуаин тргна да го изведува пеналот, но не го погоди при резултат 2-2.
„Наполи имаше одлична шанса, но имаше време да изедначиме, дури и да постигнеше гол. Го заслуживме третото место. Веќе почнавме да разговараме за стратегијата за трансфери и имаме неколку сугестии. Клубот ги дели моите идеи. Сакаме да го унапредиме тимот, бидејќи наредната сезона ќе биде тешка“, додаде Пиоли.

Најнови вести