Корисничко име Лозинка Пријави се
08.1.2014

Болоња го отпушти тренерот

Италијанскиот фудбалски прволигаш Болоња го отпушти тренерот Стефано Пиоли поради серијата лоши резултати.

„По последните разочарувачки резултати, клубот, со големо жалење, одлучи да го отпушти Стефано Пиоли. Му благодариме за сè што направи претходните години за нашиот клуб“, се наведува во соопштението на интернет-страницата на Болоња.
Екипата на Болоња моментно се наоѓа на 17-тото место на табелата на Серија А со 15 бодови, еден повеќе од Сасуоло, кој се наоѓа во зоната за испаѓање.
Пиоли во Болоња дојде во октомври 2011 година, а италијанските медиуми наведуваат дека негов најверојатен наследник во клубот е Давиде Балардини.

Најнови вести