Корисничко име Лозинка Пријави се
19.3.2016

Тренерот на Лацио пред отказ

Тренерот на Лацио Стефано Пиоли се наоѓа пред отказ по елиминацијата во осминафиналето од Лигата на Европа.

Тимот од Рим беше поразен од Славија Прага со 3-0, по реми натпреварот од 1-1 во Чешка, во второто по ранг европско клупско натпреварување, а како што пренесуваат италијанските медиуми, Пили последната шанса да се искупи ја има овој викенд кога „лацијалите“ играат против Милан во Серија А.
До крајот на шампионатот на Италија остануваат уште девет кола, а Лацио се наоѓа на осмото место на табелата со 26 бодови помалку од првопласираниот Јувентус, а 13 бодови е далеку од тимовите кои водат во европските натпреварувања.
Лацио има многу послаба сезона, во однос на минатата кога заврши како третопласиран, со учество во финалето во Купот на Италија.

Најнови вести