Корисничко име Лозинка Пријави се
18.3.2013

Касерес полесно повреден во сообраќајна несреќа

Мартин Касерес, 25-годишниот уругвајски фудбалер на Јувентус, вчера во раните утрински часови доживеал сообраќајна несреќа во Торино, но, за среќа, не настрадал тешко.

Според пишувањата на италијанскиот дневник „Ла Стампа“, Касерес во 3.20 часот со своето „порше кајен“ се судрил со друг автомобил, чиј возач не го почитувал знакот стоп.
При судирот се здобил со исеченици на главата и јаболчната коска, а денес ја напушти болницата во која беше примен по сообраќајката која се случи по победата на Јувентус над Болоња со 2-0. Од Јувентус соопштија дека закрепнувањето на 25-годишниот фудбалер тече по планот.
„Мартин е во добра состојба. Наредните неколку денови ќе ја посетува клиниката поради неопходната терапија“, е наведено, меѓу останатото, во соопштението на клубот од Торино и пишува дека Касерес заработил неколку исеченици, контузија и рани на темето и на десната јаболчна коска.
Касерес саботната средба од Серија А меѓу Болоња и Јувентус ја следеше од клупата, а бидејќи неговите повреди не се сериозни, се верува дека набрзо ќе се врати во натпреварувачки ритам.

Најнови вести