Корисничко име Лозинка Пријави се
04.4.2016

Лацио го отпушти Пиоли

Фудбалскиот клуб Лацио го отпушти тренерот Стефано Пиоли по поразот во градското дерби од Рома со 4-1, а тимот ќе го преземе Симоне Инзаги.

„Фудбалскиот клуб Лацио соопштува дека Стефано Пиоли е разрешен од должноста тренер. Првиот тим ќе му биде доверен на господинот Симоне Инзаги“, се наведува во соопштението на Лацио.
Навивачите во текот на сезоната го критикуваа Пиоли поради слабите резултати, а тимот по 31 натпревар во Серија А се наоѓа на осмото место на табелата со 42 бодови. Рома се наоѓа на третото место на табелата со 63 бодови.
Симоне Инзаги во текот на кариерата играше за Лацио, а до сега го тренираше младиот тим на клубот.

Најнови вести