Корисничко име Лозинка Пријави се
20.2.2016

Болоња ја прекина неверојатната низа на Јувентус

Фудбалерите на Болоња ја прекинаа низата на Јувентус од 15 победи по ред и му одолеа на шампионот на отворањето на 26-тото коло во Серија А со резултат од 0-0.

Јувентус имаше неверојатна низа со која го постави рекордот на клубот, но во Болоња тој е прекинат прв пат по 28-ми октомври.
„Старата дама“ остана на врвот на табелата на италијанското првенство со 58 бодови, но сега Наполи има шанса повторно да ги престигне, доколку во понеделник го совлада Милан во дербито на ова коло.
Болоња остана на десеттото место со освоени 34 бодови, колку што има и деветто пласираниот Емполи.
Дуелот на стадионот „Ренато Далара“ не изобилуваше со возбудувања за разлика од многуте претходни во кои учествуваа „црно-белите“. Фудбалерите на Роберто Донадони одлично ги неутрализираа напаѓачите на гостите, Заза и Мората, а единствен кој можеше да постигне гол беше Пол Погба.
Французинот во 53-тата минута ја пропушти најдобрата шанса кога шутираше покрај голот од добра ситуација, а во самиот финиш голманот на Болоња одбрани уште еден негов удар.

Најнови вести