Корисничко име Лозинка Пријави се
19.3.2013

Бајстер од Хамбургер суспендиран на пет натпревари

Дисциплинската комисија на Германскиот фудбалски сојуз го казни Максимилијан Бајстер, напаѓачот на Хамбургер, со пет натпревари суспензија поради навредување на судијата на натпреварот против Аугсбург.

Хамбургер во 26-тото коло пред своите навивачи беше поразен од давеникот Аугсбург со 1-0, а за поразот придонесе и Бајстер, кој по 11 минути на теренот, во 80-тата минута, заработи црвен картон.
Но, тука не беше крајот на неговото лудило, по покажаниот црвен картон, Бајстер тргна со напади на судијата и жестоко навредување. Дисциплинската комисија на Бундеслигата немаше разбирање за таквото однесување, па го казни Бајстер, стрелецот со три погодоци оваа сезона, со суспензија на пет натпревари.
Хамбургер во споменатиот натпревар против Аугсбург пропушти да се вклучи во борбата за место кое наредната година води во европските натпреварувања. Моментно се наоѓа на осмото место на табелата на Бундеслигата, со еден бод помалку од четвртопласираниот Ајнтрахт.

Најнови вести