Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
21.12.2017

Куп на Германија: Баерн го елиминира Дортмунд, Ајнтрахт во четврт-финалето

Фудбалерите на Баерн од Минхен се пласираа во четврт-финалето на Купот на Германија откако во осминафиналето со 2-1 ја победија Борусија од Дортмунд.

Баерн по првите 45 минути игра имаше предност од 2-0 со головите на Џером Боатенг во 12-тата и на Томас Милер во 40-тата минута.
Борусија во продолжението успеа само да намали на 2-1 со погодокот на Андриј Јармолено во 77-мата минута.
Во четврт-финалето на Купот на Германија се пласира и Ајнтрахт, кој во гости славеше против Хајденхајм со 2-1 по продолженијата.
Гостите поведоа во 95-тата минута со погодокот на српскиот фудбалер Мијат Гаќиновиќ, а Шнатерер изедначи веднаш во 96-тата, а конечните 1-2 ги постави Але во 109-тата минута.
Меѓу најдобрите осум тимови претходно во вчерашниот ден се пласираа и Баер Леверкузен и Вердер, а во четврт-финалето се уште: Мајнц, Волфсбург, Шалке и Падерборн.

Најнови вести