Корисничко име Лозинка Пријави се
18.7.2016

Рагнар стигнува во Ливерпул

Јирген Клоп продолжува да ја засилува одбраната на Ливерпул, а следен дефанзивен играч стигнува од Аугсбург.

Ливерпул ќе плати 4,2 милиони фунти (5 милиони евра) за 30-годишниот дефанзивец Рагнар Клаван.
Капитенот на репрезентацијата на Естонија стигнува како привремено решение во одбраната поради повредата на Мамаду Сако, кој ќе паузира подолго време поради повредата на Ахиловата тетива.
Клаван е вториот дефанзивен играч кој го доведе Клоп од Бундеслигата ова лето, прв пристигна дефанзивецот на Шалке, Жоел Матип додека во меѓувреме „Енфилд роуд“ го напуштија Коло Туре и Мартин Шкртел.
Освен Матип, Клоп го доведе и голманот од Мајнц, Лорис Кариус, па напаѓачот на Саутхемптон Садио Мане.

Најнови вести