Корисничко име Лозинка Пријави се
20.9.2016

Родригез суспендиран на пет натпревари

Хосе Родригез, фудбалерот на Мајнц, е суспендиран на пет натпревари и 10.000 евра месечно поради остриот старт над Доминик Кор, играчот на Аугсбург, кој се здоби со сериозна повреда.

Во дуелот на двата тима, одигран минатиот викенд, Родригез го собори Кор во продолжението на средбата, откако влезе како замена во 85-тата минута, во моментот кога Мајнц водеше со 3-1. Судијата веднаш му покажа црвен картон.
Родригез во меѓувреме му се извинил на Кор, кој по натпреварот беше префрлен во болница поради длабока исеченица долга 14 сантиметри. Поради таа повреда, Аугсбург ќе биде без Кор неколку седмици.
„Тимот и фудбалерот ја прифатија казната“, објави Фудбалската федерација на Германија.

Најнови вести