19.1.2013 Аимар од Бенфика во Ал Ахли
Поранешниот аргентински репрезентативец Пабло Аимар кариерата ќе ја продолжи во Ал Ахли во Обединетите Арапски Емирати.
Досегашниот договор на Аимар со Бенфика истекуваше на крајот на сезонава, а триесет и тригодишниот Аргентинец договорил соработка на година и пол со клубот од Доха за што ќе заработи три милиони евра.
Во новата средина Аимар ќе соработува со шпанскиот стручњак Кике Флорес и ќе игра со поранешните ѕвезди на европскиот фудбал како Бразилецот Графите и Португалецот Рикардо Кварежма.
Ал Ахли за Аргентинецот ќе му биде петти клуб во кариерата после Ривер Плате, Валенсија, Сарагоса и Бенфика, каде настапуваше од 2008 година.