Корисничко име Лозинка Пријави се
15.1.2013

Страхан нов селектор на Шкотска

Гордон Страхан, поранешниот менаџер на Селтик, е нов селектор на репрезентацијата на Шкотска, пренесоа британските медиуми.

Страхан ги прифатил условите на Шкотскиот фудбалски сојуз и денеска е официјализирана соработката.
Тој на клупата на Шкотска ќе го замени Крег Левејн, кој во ноември минатата година доби отказ поради слабите резултати во квалификациите за Светското првенство во 2014 година.
Поранешниот шкотски репрезентативец со Селтик освои три национални титули, еден трофеј на Шкотскиот куп и два трофеја на Лига купот, а во текот на кариерата ги водеше уште Ковентри, Саутхемптон и Мидлсборо.
По четири одиграни кола на групата А во квалификациите за Мундијалот во Бразил, Шкотска со два бода се наоѓа на дното на табелата, со осум бодови помалку од водечките Белгија и Холандија и со два помалку од Македонија.

Најнови вести