Корисничко име Лозинка Пријави се
13.12.2012

Рома без повредениот Дестро против Киево

Матија Дестро, 21-годишниот напаѓач на Рома, ќе го пропушти неделното гостување кај Киево, во 17-тото коло на италијанското фудбалско првенство, поради повреда.

Во средбата од осминафиналето на Италијанскиот куп против Аталанта во вторникот вечерта Дестро го постигна последниот гол за својата екипа во победата од 3-0, а во средината на второто полувреме со кривење го напушти теренот.
„Лекарскиот преглед покажа дека Дестро се здоби со оток на бутниот мускул на десната нога, како и на глуждот на левата нога“, соопштија од Рома.
Младиот напаѓач, кој во Рома дојде ова лето од Сиена, досега за „волчицата“ постигна пет голови во 13 настапи на сите натпреварувања.

Најнови вести