Корисничко име Лозинка Пријави се
18.8.2018

Јувентус извлече победа против Киево во судиското надополнување

Бернардески во 93-та минута донесе славје за „старата дама“

Јувентус со победа над Киево од 2-3 ја започна одбраната титулата во Серија А. На гостувањето во Верона, „старата дама“ се мачеше до самиот крај, но трудот сепак се исплати благодарение на Федерико Бернардески.

Се чинеше дека ова ќе биде лесен „плен“ за Јуве откако Кедира го отвори резултатот по само три минути игра, но домаќините во 38-та минута преку Степински израмнија, за потоа екс-фудбалерот на Јуве, Емануел Џакерини да ја затресе мрежата на Шчешни во 56-та минута од средбата за 2-1.

До крајот на мечот Јуве притискаше за израмнувачки погодок и го доби во 75-тата минута, откако Бани ја смести топката во својот гол, а трите бода за италијанскиот првак ги ибезбеди Бернардески со гол во самиот финиш.

Најнови вести