Корисничко име Лозинка Пријави се
20.10.2012

Пред гостувањето кај Лацио Милан остана без Абијати

Тренерот на италијанскиот вицешампион Милан, Масимилијано Алегри, е соочен со многу проблеми пред вечерашното гостување во Рим против Лацио.

Вчера од Милан соопштија дека на натпреварот од осмото коло нема да настапи првиот голман на тимот, Кристијан Абијати, кој оваа сезона беше вистински херој во ретките успеси на Милан (победа на гостувањето кај Зенит во Лигата на шампионатите и гостувањето кај Болоња во Серија А). Абијати има проблеми со инфекција на градниот кош и тоа е причината што тој нема да може да настапи на „Олимпико“.
Неговото место ќе го заземе вториот голман на Милан, Марко Амелија.
Од порано е познато дека натпреварот против Лацио ќе го пропушти и Робињо, поради повреда на бедрениот мускул на десната нога, а суспендиран е Масимо Амброзини.
Добра вест за Алегри е што во составот се врати Алешандре Пато.

Најнови вести