Корисничко име Лозинка Пријави се
17.10.2012

Милан без Робињо против Лацио

Робињо, 28-годишниот напаѓач на Милан, ќе ја пропушти саботната средба на својот клуб против Лацио во осмото коло на италијанската Серија А.

„Росонерите“ со официјално соопштение потврдија дека бразилскиот фудбалер се здоби со повреда на бутниот мускул на десната нога. Сè уште не е сигурно колку долго ќе отсуствува од теренот, но нема сомнение дека ќе го пропушти гостувањето во Рим кај моментно третопласираната екипа во лигата.
Иако Робињо оваа сезона главно влегуваше од клупата, неговата повреда е нов удар за тренерот Масимилијано Алегри, кој се труди да ја извлече екипата од тешката резултатска криза. Милан во седум кола на италијанското првенство освои само седум бодови и се наоѓа на 11-то место.
Освен Робињо, вчерашниот тренинг го пропушти и голманот Кристијан Абијати поради инфекција на градниот кош, но во клубот го очекуваат неговиот настап против Лацио.

Најнови вести