Корисничко име Лозинка Пријави се
02.10.2012

Киево го смени тренерот

Италијанскиот фудбалски клуб го отпушти тренерот Доменико ди Карло, два дена по понижувачкиот првенствен пораз од Палермо со 4-1.

На негово место е ангажиран Еуџенио Корини, кој за прв пат во кариерата ќе води тим од елитната конкуренција. Претходно ги тренираше нисколигашките екипи на Фрозиноне и Кротоне.
Под водство на Ди Карло клубот од Верона минатата сезона заврши на десеттото место во Серија А, но во новото натпреварување стартуваше многу лошо.
По шест одиграни кола, Киево има само една победа и пет порази и го зазема 18-тото место на табелата, па речиси сигурно му претстои грчевита борба за опстанок.
Ди Карло е втор отпуштен тренер оваа сезона во Серија А, бидејќи кон средината на минатиот месец Џузепе Санино во Палермо го замени Џампјеро Гасперини.

Најнови вести