Корисничко име Лозинка Пријави се
19.9.2012

Дејан Станковиќ повторно на операција

Дејан Станковиќ, поранешниот капитен на репрезентацијата на Србија и долгогодишен фудбалер на Интер од Милано, денес повторно ќе мора да оди на операција на Ахиловата тетива.

„Проблемот кој долго ме мачи не е во целост решен со првиот хируршки зафат. Во договор со медицинската екипа на Интер, како и на основа на новите детални прегледи направени претходните денови, заклучивме дека заминувањето на повторна операција е единственото добро решение“, рече Станковиќ за интернет-страницата на Фудбалскиот сојуз на Србија.
Од мај до денес Дејан Станковиќ најнапред го помина процесот на закрепнување од операцијата, потоа вежби за засилување и на крајот во лесен ритам се враќаше во тренажен процес.
„Во еден момент изгледаше многу добро. Но секојдневните напори предизвикуваа нови болки. Да речеме, два дена работев, па еден мораше да паузирам. Се случуваше да издржам и неколку денови во ист ритам“, рече членот на „нераѕурите“.
Станковиќ не сакаше да прогнозира колку време ќе му биде потребно да закрепне од денешната операција.
„Не знам колку време ќе мора да потрошам на новиот пат на закрепнување. Не сум навикнал на тоа во кариерата, молчев и трпев болки, играв, попатно санирав некои вообичаени повреди, но оваа е навистина голема и немам искуство за процена“, заклучи Станковиќ.

Најнови вести