Корисничко име Лозинка Пријави се
03.9.2012

На Боатенг ќе му биде извршена операција на дланката

Кевин-Принс Боатенг, играчот на Милан, ќе мора да оди на операција поради фрактура на десната дланка, пренесоа италијанските медиуми.

Тој се повреди на натпреварот против Болоња, кој „росонерите“ го добија со 3-1, а најновите прегледи покажаа дека репрезентативецот на Гана ќе мора да оди под нож.
Милан деталите околу паузата и закрепнувањето на Боатенг ќе ги соопшти по операцијата, пренесоа италијанските медиуми.
„Сè ќе биде во ред, ви благодарам што се грижите“, напиша на „Твитер“ фудбалерот на тимот од „Сан Сиро“.

Најнови вести