Корисничко име Лозинка Пријави се
29.8.2012

Милан го доведе талентираниот Нијанг, Робињо повторно повреден

Италијанскиот вицешампион Милан многу е активен во последните часови од преодниот рок, ама никако да улови големо име. Но затоа доведе потенцијална идна ѕвезда, 17-годишниот француски фудбалер Мбаје Нијанг.

Станува збор за напаѓачот на Каен и втор најмлад стрелец во историјата на француската Шампионат лига. Лани постигна погодок против Ленс со 16 години и четири месеци. Милан на Каен ќе му плати три милиони евра, а момчето со сенегалско потекло со „росонерите“ потпиша тригодишен договор.
Нијанг беше на проба во Арсенал, го следеа и Евертон и Тотенхем, но на крајот сепак се одлучи за одење на „Сан Сиро“. Тој е втор играч кој од првата француска лига ова лето премина во Милан. Пред него тоа го направи и Бакај Траоре од Нанси.
Милан се соочува и со нови проблеми што се однесува до повредени играчи. Дваесет и осумгодишниот Бразилец Робињо е заменет пред самиот крај на натпреварот од првото коло на Серија А против Сампдорија (пораз од 1-0), а дополнителните прегледи покажаа дека дошло до силно истегнување на бутниот мускул кај брзоногиот напаѓач. Првите прогнози се дека Робињо ќе отсуствува четири седмици.

Најнови вести