Корисничко име Лозинка Пријави се
07.7.2012

Форлан во Интернасионал, Станковиќ си оди од Интер

Бразилскиот Интернасионал соопшти дека потпишал договор со фудбалерот на италијанскиот Интер, Диего Форлан.

Форлан ќе биде фудбалер на Интернасионал до јули 2015 година, а официјално ќе биде претставен денеска на прес конференција.
Триесет и тригодишниот Уругваец на Светското првенство 2010 во Јужна Африка беше прогласен за најдобар фудбалер на турнирот, но по трансферот во Интер не се снајде најдобро и одигра многу малку натпревари.
Интернасионал е еден од бразилските клубови со најголема традиција. Клубот во 2006 и 2010 го освои Копа Либертадорес, најпрестижното натпреварување во Јужна Америка.
Поранешниот капитен на Србија, Дејан Станковиќ, најверојатно ќе мора да го напушти Интер затоа што тренерот Андреа Страмачони не смета на него на почетокот на подготовките.
Покрај Станковиќ, на списокот на 26 фудбалери го нема ниту голманот Жулио Сезар.
Српскиот интернационалец изјави дека сака играчката кариера да ја заврши во Интер, а англиските медиуми неодамна објавија дека за него е заинтересиран лондонскиот премиерлигаш Вест хем.
Во клубот од Милано дојде од Лацио, а договорот со Интер му истекува на лето 2014 година, но би требало без отштета да најде нов клуб.
Интер соопшти дека го позајмил одбранбениот фудбалер на Палермо, Матијас Силвестре, со право на крајот на сезоната да го откупи договорот на дваесет и седумгодишниот аргентински стопер.

Најнови вести