Корисничко име Лозинка Пријави се
18.5.2012

Реја: Мојата авантура во Лацио заврши

Едоардо Реја, шеесет и шестгодишниот италијански фудбалски стратег, најави уште еднаш, дека заминува од клупата на Лацио, но овојпат додаде, дека не постои можност да ја смени одлуката.

Во текот на оваа сезона Реха, на двапати најавуваше дека заминува, но секој пат во тоа го спречуваше претседателот на клубот Клаудио Лотито.

Лацио шампионатот го заврши на четвртата позиција, што на римјаните им носи настап во Лигата на Европа наредната сезона.

 „Мојата авантура во Лацио дефинитивно е завршена. Овој пат нема да ја променам одлуката. Им се заблагодарувам на сите, особено на челниците на клубот, но понатаму продолжуваме секој на своја страна“, изјави Реја.

Најнови вести