Корисничко име Лозинка Пријави се
27.2.2012

Реја останува во Лацио

Откако со нетрпение се очекуваше конференцијата за новинарите на која Едоардо Реја требаше да даде оставка на местото тренер на италијанскиот фудбалски клуб Лацио, се случи неочекуван пресврт.

„Останувам во Лацио, сега и во иднина“, ја почна прес-конференцијата Реја.
Сите присутни останаа во шок со оглед на тоа дека со Луиџи де Канио е воспоставен контакт, а Џанфранко Ѕола веќе стигна во Рим за да биде претставен како нов тренер на Лацио по веројатната оставка на Реја.
„Не е работата во договорот, туку во довербата. Имав неколку моменти во кои страдав, но претседателот покажа доверба во тоа што го работам. Имавме некои несогласувања, но во последно време тие исчезнаа и затоа оваа авантура продолжува понатаму“, рече Реја пред собраните новинари.
„Јас ја сакам оваа екипа, овој клуб и овие бои. Не би било праведно само да си заминам од клубот. Претседателот Лотито ја одби мојата оставка, па оваа година авантурата продолжува“, рече Италијанецот.
„Сега најважно е да го одржиме нивото на фудбалот со коешто стасавме до ова место. Треба да ни се вратат повредените играчи така што оние што го носат најголемиот товар малку да се одморат“, заклучи Реја.

Најнови вести