Корисничко име Лозинка Пријави се
16.1.2012

Станковиќ пред пауза од два месеци

Дејан Станковиќ, 33-годишниот српски фудбалер и играч на Интер, би можело да паузира и до два месеци откако се утврди дека мора да оди на операција.

Во прашање е стара повреда на фудбалерот од средината на теренот, односно проблеми со Ахиловата тетива. Во последно време Станковиќ почувствува исти болки како порано, а прегледите покажаа дека во тој случај најдобро решение е оперативен зафат.
Сè уште не се знае кога би се извршила операцијата, но доколку таа следува, тогаш Станковиќ би можело да паузира и до два месеци. Во тој случај, веќе во Интер најавија, клубот ќе купува некое квалитетно засилување во средниот ред.

Најнови вести