Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
29.3.2018

Кинезите го продаваат и Интер, но никој не нуди 600 милиони евра

Кинеската компанија „Сунинг груп“ само по 22 месеца откако дојде во Интер, има намера да си оди, но моментно никој не е заинтересиран да го преземе клубот од Милано.

Кинезите, кои имаат 68,55 отсто од акциите на клубот, сакаат да се повлечат поради големите проблеми со финансискиот фер плеј на УЕФА, како и поради слабите резултати, но засега нема никој на видик кој би можело да ги понуди бараните 600 милиони евра.
Како што пренесува „Кориере дела сера“, односот на релација Кина – Италија дополнително се влоши кога тренерот Фабио Капело и директорот Валтер Сабатини добија отказ во братскиот Џангсу Сунинг, а Кинезите имаат намера да се свртат кон други проекти.
Италијанскиот весник пишува дека тешко ќе се најдат нови сопственици подготвени да платат 600 милиони евра и да го преземат трократниот шампион на Европа.
Покрај „Сунинг груп“, 31,05 отсто од акциите на Интер ги држи Индонезиецот Ерик Тохир.
И градскиот ривал Милан се наоѓа во слична ситуација бидејќи неговите кинески сопственици имаат огромни финансиски проблеми и, исто така, сакаат да ги продадат „росонерите“.

Најнови вести