Корисничко име Лозинка Пријави се
25.10.2017

Буфон најави дека ќе се пензионира

Џанлуиџи Буфон, најдобриот голман на светот, играчката кариера ќе ја заврши на крајот на оваа сезона.

Буфон изјави дека тоа е негова конечна одлука и дека може да се промени само во еден случај.
„Цврсто сум решен да се откажам на крајот од сезоната. Не се плашам за иднината и подготвен сум за следниот предизвик во животот. Само во еден случај ќе ја продолжам кариерата за уште една година. Останувам ако ја освоиме титулата во Лигата на шампионите за да играм на Светското клупско првенство. Тогаш ќе ја делиме минутажата со Војќех Шченсни”, изјави Буфон.
Доколку Италија обезбеди пласман, Буфон последниот настап треба да го има на Светското првенство во Русија. „Аѕурите“ во баражот ќе имаат тешка задача против Шведска.

Најнови вести