Корисничко име Лозинка Пријави се
19.8.2018

Буфон играше со татко му, а сега со „малиот“ си размени дрес

Италијанскиот голман има толку долга кариера, што почна да игра со и против фудбалери кои се деца на негови врсници или некогашни ривали

По завршувањето на натпреварот Генгамп-Пари Сен Жермен кој гостите од Париз со маки го добија со 3:1, се случи еден интересен момент кој го фатија камерите на француските телевизии. 

Имено, голманот на „светците“, 40-годишниот Џиџи Буфон, својот дрес си го размени со 21-годишниот Маркус Турам, син на Лилијан Турам. Буфон и Турам постариот, 10 сезони играа заедно во Парма (1996 до 2001) и Јувентус (2002-2006), а сега голманот дочека да игра и со синот на неговиот пријател и екс-соиграч. 

Маркус Турам се роди во 1997 година во Парма, во времето кога татко му и Буфон играа заедно, па Џиџи сигурно се сеќава на прославата која ја организирал Лилијан по повод раѓањето на неговиот син.

За разлика од татко му кој беше дефанзивец и најчесто играше како десен бек, Маркус е напаѓач, но вчера не дојде во ситуација да ја загрози италијанската легенда. 

Во ПСЖ, клупски колега на Буфон му е Тимоти Веа, фудбалер чиј татко Џорџ, пред околу две децении како член на Милан, играше против Буфон.  

 

Најнови вести